
Британија скокна во рангирањето благодарејќи на тоа колку пари Британците трошат на проституција и дроги, ставка која од годинава почна да се пресметува во БДП-то на Британија. Со оваа промена БДП-то на Британија во 2014-та се пресметува на 2,82 илјади милијарди долари, во споредба со ланските 2,53 илјади милијарди долари.
Не е дека Французите не трошат или се шконтари за дрога и проститутки, разликата е во тоа што Франција се уште во пресметувањето БДП не ги вклучува парите што се вртат во трговијата со секс и дрога. Процените се дека ако го имаше ова направено веројатно немаше да го изгуби 5-то место.
Минатиот септември ЕУ ги промени правилата за сметководство и дозволи вклучување на парите од сомнителните и нелегални бизниси во пресметката за бруто домашниот производ.