Турција и мистериозните 7,9 милијарди долари

Во 2013-та Турција привлекува 90 милиони долари во приходи од необјаснети извори. За првите 8 месеци од 2014-та по истата основа Турција привлекува 7,9 милијарди долари. Во следните 3 месеци 5,6 милијарди од овие пари ја напуштаат земјата.

Во извештајот за Турскиот баланс за плаќање овие пари се заведени како "нето грешки и пропусти." По оваа ставка во ноември од Турција излегле 3,46 милијарди долари, "најголемиот месечен егзодус во последните 16 години."

Според податоците од централната банка, "мистериозниот" прилив на пари во Турција е поголем од одливот во 22 од последните 29 години (колку што тие водат евиденција).

Меѓу објаснувањата на турските економисти е дека парите се капитал од луѓето кои бегаа од Ирак и Сирија, од каде заради борбите со ИСИС во Турција влегоа околу 1,5 милиони бегалци.

Минатата година Морган Стенли ја стави Турција меѓу "кршливите пет" економии, држави кои се најранливи на повлекување на странските инвестиции потребни за финансирање на кусокот во капитал кој влегува наспроти капиталот кој излегува. Останатите четири се: Јужна Африка, Индонезија, Индија и Бразил.

29 јануари 2015 - 13:50