Објавувајќи го ЦЕО предизвикот, Мајер како директорка на Јаху на сите вработени им понуди бонус од 250.000 долари ако смислат некоја идеја и продукт што ќе и се допадне.
Притоа таа ги предупредува вработените да не фатат да работат на предизвикот за време на работниот ден.
"Интересно. Уште од кога дојдов луѓето ме прашуваа 'Кога Јаху ќе го воведе правилото со 20%?' Морам да ви кажам една валкана тајна за 20% од времето на Гугл. Во реалноста тоа е 120% од времето," изјавила Мајер.
Таа објаснила дека во Гугл 20% не подразбираат дека еден ден од неделата можеш да работиш на свои проекти наместо на редовната работа, туку дека "тоа се работи кои можеш да ги работиш надвор од регуларната работа."