Кога новинарот на Вајард во 2018 разговара со основачот на Амазон, тој му кажува дека се чувствува ослободено благодарејќи на масовните количества пари што ги има заработено и дека „нема да трошам ни најмал дел од животот на што било што не мислам дека е важно. Едноставно нема да го правам тоа. Немам потреба.“
Германија, истата држава која му беше јатак на Навални по обидот за негово труење, побара од јавноста да ги одвои своите емоции за прекршување на човековите права од страна на Русија од бизнис проектите кои Западот ги има со Русија.
Карипската комунистичка земја најавува дека ја отвора економијата за приватни бизниси и дека ќе останат само малку сектори кои ќе бидат резервирани исклучиво за државата.
Од една страна земјите членки бирократски се ограничени колку можат да трошат државни пари, од друга страна истите тие се во постојана „трка кон дното“ кој ќе обезбеди пониски даноци на приход и пониски плати.
Новата постава на Белата куќа најави дека ќе прави ревизија на досегашниот тек на американско-кинеските трговски односи кои ги физиономираше Доналд Трамп кој Кина ја безецираше како клучен архи-непријател. Според бројките кои и сега се достапни, тешко дека во ќитапите ќе најдат нешто друго освен фијаско.
Иако се чинеше дека двата гиганта само одбрале патеки кои ги раздвојуваат, суштината на нивните бизнис модели неминовно ги доведе до судар. „Што се случува кога една незапирлива сила ќе наиде на неподвижен објект,“ допрва ќе видиме.
За прв пат во историјата на Епл, компанијата успеа да собере над 100 милијарди долари (поточно 111 милијарди и 400 милиони) за точно три месеци. Па, кој сака нека честита.
На 3 ноември биткоинот беше 14.000 долари, во неделата, пред да падне, растеше и повеќе од 1.000 долари на ден за да достигне блесави 34.000 долари за еден биткоин.
По неколку драматични месеци во кои речиси целосно беше откажан 15,8 милијарди долари тешкиот договор, неделава се очекува дека акционерите на Тифани конечно ќе го одобрат спојувањето (и капитулацијата) кон ЛВМХ Моет Хенеси Луи Витон.
Основачот на Али Баба во ноември требаше на берза да ја извади својата финансиска компанија АНТ груп, која од првичното продавање акции требаше да собере околу 35 милијарди долари. Ова не се случи исклучиво благодарејќи на кинеските власти.
Амазон ти ја гаси продавницата со тврдење дека продаваш фалсификати. За повторно да ја пушти бара фактури и детали околу производството на продуктот што го продаваш. По некое време продавницата повторно ти е активна, ама на платформата се појавува идентичен и поефтин производ продаван директно од Амазон.
Илон Маск му вртел на првиот човек на Епл, Тим Кук, и му ја понудил за продавање својата компанијата за електрични возила. Освен телефонскиот повик, Кук не сакал ништо повеќе да има со Маск на темата.
Уште пред десетина години кога крахираше комплетниот глобален финансиски систем, еден од аргументите на противниците на мерките на штедење во Европа беше дека ни една држава немаше да се најде во тоа дереџе доколку можеше сама да печати пари како што тоа го правеа пред да го усвојат еврото. Од тогаш па до денес, се поголем број економисти застануваат зад тоа дека претерувањето со печатење не доведува до инфлација.
Како што нејзиното богатство (базирано на акциите во Амазон) незапирливо продолжува да расте во ковид-19 така Мекензи Скот (до пред некое време Безос) најбогатата жена на светот, незапирливо продолжува да троши пари во добротворни цели.
Стампедата потрошувачи кои овој период стандардно нагрнуваа на продавниците и трговските центри низ САД моментално се префрлени на интернет продавниците, што по себе повлекува и дека некој треба да ги испорача сите нарачки што ќе бидат направени.
Има компанија што се вика Сноуфлејк и се занимава со продажба на клауд сервиси. Сноуфлејк е толку добра во тоа што го прави што нејзиниот ЦЕО стигна месечна плата од 95 милиони долари.
Можеби се чинеше дека пандемијата задава подеднакво жесток удар на сите економии во погодените земји но во овој период се случува битно прераспоредување на економските сили. Европа со години ќе кубури под нивото од пред пандемијата, економијата на САД догодина ќе биде иста но затоа кинеската економија, од кризата ќе излезе поголема.
Само околу половина од вообичаениот број на купувачи стапнале во американските продавници за време на распродажбите за Црниот петок, денот кога сите тие очекуваат нивните дуќани да бидат преплавени од луѓе излудени од попусти.
Да не излезе дека ЕУ е создадена само за правање пари, ама двата соседа и главно сојузници низ серија историски настани се пред невообичаено отворен судир откако Меркел побара да нема скијање во ЕУ за божиќните празници.
Објавена е глобална ранг листа на држави според нивната „разбирачка“ за проблемите на тобако индустријата. Јапонија и Индонезија се најлоши а во таа група се и Романија, САД и Кина.
Во рок од неколку дена Маск излезе позитивен на ковид-19, ама умерено, па потоа неговата компанија Спејсекс успешно лансираше ракета во вселената со 4 астронаути, и за крај стана 15 милијарди долари побогат во само еден ден.
Иако западните медиуми и аналитичари се сомничави што Алибаба секоја година поставува блесави рекорди од продажбата на Денот на самците, сепак и тие признаваат дека неверојатниот обем на работа на најразличните кинески фирми за испорака е неспорно реален и видлив.
Американските медиуми не се сигурни заради која причина Ерик Шмит одлучил да стане државјанин на грчкиот дел од островот, меѓутоа тоа е само затоа што не минале децении слушајќи приказни за тоа како пост-социјалистички/комунистички тајкуни ги кријат и перат своите пари.