Ако ги прашаш зошто толку пари, одговорот е дека патиките преставуваат историски момент во модата „кога патиките, Канје и високата мода се спојуваат во една точка, која беше толку контроверзна во тоа време, но така голем пресврт во индустријата.“
И како и да звучи сумата не е нешто страшна, бидејќи годинава прототипот на Јизи патиките што Канје ги носеше на Греми 2008 беше продаден за 1,8 милиони долари.
Платформата за препродажба на патики СтокИкс, проценува дека пазарот на патики на старо моментално вреди 10 милијарди долари, а до 2030 ова само ќе експлодира и ќе достигне сума од 30 милијарди долари, главно заради колекционери кои инвестираат пари во непипнати патики, во најголем дел од ограничени серии.
За овие што собираат патики, не за носење туку за стоење во шкаф, колекционерството „ја издига свеста дека патиките можат да бидат третирани како уметност“ пример како скулптура или уметничка слика.
Целата индустрија е силно подржана и од производителите кои на секој чекор гледаат да имаат некоја уникатна соработка од која би излегла уникатна серија, пример Најк со производителот на сладолед Бен енд Џери, или Баленсијага со Плејстејшн.
Дел од колекционерите ги третираат патиките како инвестиција, и математиката им е дека ќе имаат повеќе ќар ако купат некоја колекционерска патика, отколку ако парите ги стават на берза или во банка.
Платформи како СтокИкс го претвораат собирањето патики во професија дозволувајќи им на препродавачите да заработат илјадници долари од некој добар пар што го нашле.
Инаку и на овој пазар важат истите правила како и кај сите колекционери, па вредноста на производот варира во зависност од неговата реткост, зачуваност, претходни сопственици и слично.