До 1982-ра Индија купуваше околу 65 тони злато. До 1990-та, увозот на злато е забранет во Индија, во тој период цената на златото во земјата е 50% повисока отколку во остатокот од светот. Во тоа време просечен купувач на злато е сиромашен селанец од јужна Индија, кој златото го користи како залог кога позајмува пари.
Откако се симнува забраната, доаѓа до бум на трговијата со злато. Тоа сега богатите го користат како гаранција за кредитите што ги земаат од банките, а над 60% од Индијците немаат банкарски сметки и своите пари ги чуваат во злато, што им нуди дополнителна безбедност во случај на пад на националната валута. На богатите Индијци златото им е одличен начин за чување на богатството бидејќи на тоа државата не им бара да плаќаат данок.
Меракот на злато преставува сериозен проблем за финансиската математика на Индија, прво заради увозот на злато во вредност од 54 милијарди долари кој и создава дефицит на земјата, второ златото ги одвраќа заштедите од регуларниот финансиски систем каде што парите би можеле да бидат користени за инвестиции.
Во моментов цената на злато во Индија е 10% повисока од светската.