Таг: русија

Доњецк и Луганск признаени од Русија како независни држави

Кратко по состанокот на Советот за безбедност на Русија, Путин телефонски им соопшти на Макрон и Шолц дека ќе ги признае како независни сепаратистичките региони во Украина - Народните републики на Доњецк и Луганск. По ова имаше телевизиско обраќање кое го почна со тоа дека Украина е творба на комунистичка Русија.

Сите граѓани на Русија добија право на бесплатен хектар на Арктикот

Руските граѓани од 1. февруари преку веб-страна можат да одберат кој хектар (10.000 метри квадратни) од арктичката зона на Русија сакаат да го поседуваат. Освен државјанство, единствен предуслов е да се спакуваат и вистински да заминат таму.

Најголемиот снабдувач со гас на ЕУ не може да биде заменет

Држави со големи залихи на природен гас се понудија да и помогнат на Европа во енергетската криза, меѓутоа за кратко време и двете страни си потврдија дека нивната желба е далеку поголема од можностите.

Растргнатата суперсила

Првата година на Бајден на власт заврши како и што почна, со САД со сериозни кризи на повеќе фронтови. Пролетта 2021, проблемите на САД беа руски сили на границата со Украина, и кинески во близина на Тајван. На почетокот од 2022, Русија има уште повеќе сили на границата, Кина продолжува да маневрира околу Тајван, а во игра се врати и Иран.

Драмата меѓу Полска и Русија која заврши со нерегуларен гол од 15 метри

Селекциите на Полска и Русија приредија финиш каков што немаше до сега на ова Европско првенство. На 3 секунди до крај Пољаците постигнаа гол за победа. Русите тргнаа од центар и успеаа да израмнат, ама со помош на судијките.

Бајден ги шитна Украинците?

Американскиот претседател ноќеска одржа прес-конференција на која многумина се плашеа/надеваа дека ќе биде објавен почеток на војна со Русија. Наместо тоа Бајден лицитираше колку многу треба да страдаат Украинците за САД да преземе нешто.

Јазолот на ЕУ: И гас од Русија, и душа во рај

Големите членки на ЕУ кои отворено се за санкционирање на Русија би сакале санкциите против Русија да не бидат нешто посебно тешки, затоа што природен гас не се произведува од анкети на јавно мислење и ПиАр соопштенија.

Скриениот трошок на исклучување на Русија од СВИФТ

Алтернативата на воена реакција на руското распоредување војска на границата со Украина треба да биде далеку поелегантното исклучување на Русија од банкарската мрежа што ја користат 11.000 банки од 200 држави низ светот. Магазинот Економист смета дека тука нема ништо елегантно.

Гугл ќе плаќа милиони долари казна за блокиран Јутјуб канал

Апелацискиот суд во Москва ја потврди пресудата дека Гугл мора да го одблокира каналот на една руска телевизија, кој е блокиран не заради фејк-њуз, туку затоа што газдата е пријател на Путин.

Колку си анти-ваксер од нула до посета на инфективно?

Водечките руски доктори повикаа тамошни ѕвезди, инфлуенсери и политичари анти-ваксери лично да дојдат во црвените зони во болниците за од блиску да го видат ефектот од пандемијата.

До крајот на јануари Русија ја напаѓа Украина

Русија веќе има 92.000 војници на границата со Украина и се подготвува за напад до крајот на јануари, тврди првиот човек на украинското воено разузнавање генерал Кирило Буданов.

Путин и Лукашенко уште повеќе се зближија

Претседателите на Русија и Белорусија потпишаа пакет од 28 сојузни програми чија главна цел е подлабоко интегрирање на двете држави, како дел од планот за создавање една „Сојузна држава“.

Русија и Белорусија ќе се зближуваат заради притисок од Западот

Заради растечки воен, политички и економски притисок од Западот, Русија и Белорусија почнаа се повеќе воено, политички и економски да се зближуваат.

Која е Групата Вагнер?

Србите ги нарекуваат „Руските витези“, имаат „работено“ од Украина до Сирија, од Либија до Венецуeла , властите на Мали ги ангажира затоа што претходно секаде каде што стапнале завршиле работа, а според западните медиуми станува збор за руски платеници со директен пристап до самиот врв на руската власт.

Руски голман одбрани 5 пенали во Куп

Во раната фаза од Купот на Русија, Крилја Советов со 0-10 го победила нисколигашот Знамја Ногинск и тоа е најубедлив триумф во историјата на рускиот Куп. 1.969 километри подалеку, во Махачкала еден голман направи чудо со пет одбранети пенали.

Јунаците на Перм

Вчерашниот масакр во универзитетот во Перм беше запрен на 6 убиени луѓе и 24 повредени благодарејќи на интервенцијата на двајца локални сообраќајни полицајци, едниот е помладиот сообраќаец Константин Калинин, и неговиот нешто постар партнер Владимир Макаров.

Детето од угледна московска фамилија кое го скроти големиот Ѓоковиќ и освои прв Гренд Слем

За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.

А фаул врз судија се свири ли, што вика Карасев?

За време на дербито од руската Премиер лига меѓу Локомотив Москва и Зенит, најдобриот руски судија Сергеј Карасев во 78’ минута беше во центар на борбата па го сопнаа ни крив ни должен.

Во Русија торнадо од комарци

Милиони комарци на полуостровот Камчатка формираа подвижни вртлози налик торнадо, затемнувајќи го небото и блокирајќи го сонцето.

Многу веројатно, речиси сигурно, Путин има работено Трамп да стане претседател на САД

Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.

Приказната за парфемот „Црвена Москва“

Во нова книга, Карл Шлегел, германски историчар чија специјалност е Русија, го следи својот нос во потрага по приказната за „Краснаја Москва“, популарен советски парфем.

Украинците не издржаа и го нападнаа Русинот на трибина

Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.

Пастила: омиленото колаче на Достоевски

Личи на нешто како тесто од пуслица, ама направено од пире од јаболки. Пуфкастото благце било вообичаена придружба на аристократските чајанки во Русија. До скоро рецептот беше заборавен, но сега почнува да се враќа на трпезите.