Пољаците имаа навидум последен напад за триумф кој одлично го организираа и го завршија со погодок.
На семафорот стоеше 29:28 и време од само 3 секунди за Русија, која тргна од центар и со помош на голчиштето на Сергеј Косоротов успеа да го израмни резултатот.
Но Пољаците испратиле официјален протест до ЕХФ, сосема оправдано, бидејќи на видеото се гледа дека Косоротов прави четири чекори или еден повеќе според правилата.
Судии на овој натпревар беа сестрите Шарлот и Жули Бонавентура од Франција кои очигледно ја утнаа математиката.
🤯 What an end to a match. Last-second goals, last-second timeouts, it had EVERYTHING.@handballpolska 🇵🇱 vs @rushandball 🇷🇺#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/hfidbjmQUY
— EHF EURO (@EHFEURO) January 23, 2022
„Лекција по математика, бројте ги чекорите“, напиша Ракометна федерација на Полска и објави видео од движењето на рускиот ракометар.
Lekcja matematyki: Policz kroki ☹️ pic.twitter.com/Mlm7XdNuxn
— Handball Polska (@handballpolska) January 23, 2022