Права реткост е во фудбалот голман да одбрани неколку пенали во пенал-серијата, а она што му појде од рака на Алексеј Кузнецов, голманот на УФА е чудо.
Уфа гостуваше кај Легион Динамо во Махачкала. Домаќинот кој е второлигаш поведе на средина од вториот дел од пенал преку Шамил Саадуев. Гостинот прволигаш притисна и израмни дури во судиското продолжение на 1-1.
Се стигна до пенали каде следуваше право шоу.
Голманот на Уфа, Алексеј Кузнецов кој на прв натпревар бранеше за овој клуб, одбрани пет пенали. Трет за Легион Динамо шутирал голманот Алил Магомедов. Пробал во стилот на Жоржињо, но Кузнецов му одбранил. Судијата сметал дека голманот ја напуштил линијата па пеналот се повторил. Овојпат Магомедов распалил со цела сила но Кузнецов пак го проценил и му го одбранил силниот шут.
25-годишниот голман на Уфа одбранил пет пенали и е на многу насловни страни во руските медиуми. Неговиот тим оди во следна рунда благодарение на него.