Потпишувањето следува по состанокот на Врховниот државен совет на Сојузот од 4-ти ноември, кој се одржа преку видео врска.
Програмите вклучуваат спојување на постојните два монетарни системи на двете држави, создавање на заеднички систем за плаќање и усогласување на даноците. Освен финансиите, тие ќе имаат и заедничка миграциска политика и нова унапредена воена доктрина.
Интеграцијата на двете држави прв пат почнува да се разговара во 1999. Во 2019-2020 тие ги договараат сојузните програми за тоа како ќе се интегрираат економските и административни сектори.
Ни едната, ни другата страна нема објавено какви било детали што содржат програмите, ниту како ќе бидат имплементирани.
Процената е дека иако договорот ќе ги обедини економиите и политичките структури на двете држави, тој сериозно ќе го поткопа суверенитетот на Белорусија. Заради ова и Лукашенко со години се нечка околу потпишувањето на договорот. Меѓутоа како што тој беше изолиран од ЕУ и САД по изборите во август минатата година, и притиснат од домашната опозиција, така стануваше се понаклонет кон ова збратимување со Русија, при што доби финансиска и воена помош од Путин.
Белоруската опозиција порача дека по изборите 2020 Лукашенко нема легитимитет за да потпише ваков договор.