Таг: русија

Никогаш не е досадно на семафори во Русија

Сериозно, не треба ништо да правиш, можеш само да седиш и да чекаш некој да те изненади. На пример, чекаш зелено кога од никаде оваа шлеп служба се појавува... Само да стигнеш број да запишеш.

Да потпишевме со ЕУ, ќе банкротиравме

"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.

Што сè шета низ руската Дума

Во вторникот во руската Думата се степале двајца пратеници, а приказната има и некои интересни (ама непотврдени) детали како тоа дека од џебот на едниот од тепачите паднал позлатен пиштол.

Кој сака да биде милијардер?

110 Руси поседуваат 35% од вкупното богатство на Русија, пресметаа од Кредит Свис за годишниот извештај за глобално богатство.

Руските класици како сексуални советници

Заборавете на кондоми, орални контрацептиви, море најубаво заборавате воопшто на секс, и фатете книга да читате. Не, не ви го викаме ова ние. Ова е порака од рускиот детски омбудсман.

Убавицата со ужасен крај

Таа му пренела СИДА, тој ја убил, ја запалил, и го скршил вратот (не е сигурно по кој редослед) и гола ја закопал на планината Урал. Отприлика ова е приказната за смртта на руската манекенка Јулија Лошагина (девојката на сликата).

Руски кампањи за промоција на читањето

На Русите едно мора да им се признае - дека имаат долга читачка традиција, и дека се подготвени да сторат многу за таа да не згасне. Ваквите интересни кампањи се еден од начините.

Чајковски по мерка на законот

Рускиот закон воведен во јуни оваа година кој забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи", најчесто се спомнува во контекст на претстојната Олимпијада во Сочи. Но сега тој стана причина за (авто)цензура на нов биографски филм за славниот композитор.

7 години затвор за кладење во Русија

Спортистите, тренерите и функционерите во Русија нека не помислуваат да влезат во кладилница затоа што ќе завршат зад решетки.

Кончаловски за руската црква, Олимпијадата и клозетите

Андреј Кончаловски (75), славниот руски сценарист и режисер („Полудениот воз", „Танго и Кеш" и ко-сценарист со Тарковски на „Рубљов"), брат на Сергеј Михалков, неодамна објави текст под наслов „Во каков Бог верува рускиот човек?" и влезе во интересна полемика со Руската православна црква. 

Даноци кои завршуваат со мамурлук

За сите мудреци кои веруваат дека една од мерките за создавање на НОВИОТ човек е зголемување на даноците на алкохолот затоа што на тој начин тој ќе им стане помалку достапен на луѓето, еден течен пример од Русија.

Како се ограбува Русија

Од 2010-та до 2012-та од Русија од страна на една од најголемите групи за перење пари нелегално се изнесени околу 20 милијарди долари. Клучни во овој грабеж се т.нр. компании "еднодневки."

Русија тајмлес

Русија како држава и нејзините граѓани, се еден од факторите кои најдиректно придонесоа за глобалниот успех на интернетот. Нивната помош се состои во тоа што едноставно се однесуваат природно, како им дојде. Колекција од вакви моменти.

Истрага за руските поени на Евровизија

Претседателот на Азербејџан нареди да се спроведе истрага за тоа зошто земјата на Русија и даде "нула поени" во финалето на Евровизија.

Светот не е без добри луѓе

Кога последен пат сте направиле добро дело? Не мора да е спасување на светот, за нешто мало збориме. На пример, да ја прекинете дневната рутина сосема на кратко, за некој друг, некој тотално небитен во вашиот живот. Руски камери во автомобили, какви што до сега не сме ги виделе.

Партијата на крадци, криминалци и Путин

Половина од Русите сметаат дека партијата на Путин се "криминалци и крадци," на опозицијата не и јасно што мисли другата полова.

Судијата ги загуби нервите

Обично сме навикнати на сцени каде судиите се главна мета на нервозните играчи како што е на пример и во македонските лиги, но овој пат како тепач се покажа линискиот судија од Русија, Муса Кадуров кој нападна фудбалер на меч помеѓу младинските екипи на Амкард и Терек. Епилогот е доживотна суспензија.

Зошто Путин ќе му прави ревизија на секој административец?

Секој државен службеник на Русија, без разлика дали е функционер или чиновник, има фора до 1-ви јули да се ослободи од целиот свој имот во странство, акциите или банкарски сметки. По овој датум, сите ги чека ревизија, не од независен ревизор или компанија, туку од администрацијата на Путин.

Прохибиција на руски начин

Само знаеме дека ова се случува во Русија, не знаеме ниту кога, ниту кој е ликов, ниту што е проблемот.

Рускиот уличен фронт против дрогата

Паралелно со регуларната марихуана, рускиот пазар е преполн со т.нр "синтетичка марихуана," која во основа воопшто не наликува и е бескрајно поштетна и поопасна од оригиналниот производ. Како одговор на ова низ земјата почнуваат да се формираат банди од млади дечки кои најдиректно тргаат во лов на дилерите на оваа дрога.

Два пати гледај, еднаш регрутирај

По основа на спектакуларно лоша идеја, за да го спречат регрутирањето на геј мажи офицерите на руската армија добија наредба повеќе време да минуваат на физичкото прегледување на регрутите, посебно во пределот околу препоните.

Русија - ЕУ: Тикви ќе ви купуваме компири

Четири века откако Петар Велики од Холандија ги донесе првите компири, Русија на Европа и вели: Па, доста е.

Снег што може да ја изненади Русија

Само во петокот во Москва паднаа 25 сантиметри снег, и тоа откако цела недела претходно градот секој ден беше потрупуван со снег.

Реми во драматичен финиш за Македонија

Иако големата Русија постојано беше во водство, избраниците на Шундовски во последните мигови од средбата освоија драгоцен бод во четвртото коло од светскиот ракометен шампионат во Шпанија.