Откако ги заостри казните за навивачите кои прават нереди, рускиот Претседател Владимир Путин нема да ги поштеди ниту спортистите кои имаат навика да пополнуваат тикети во кладилниците.
Путин донесе закон според кој ако некој спортист, тренер или функционер на било која позиција биде фатен дека се клади на спортот кој му е професија ќе биде парично казнет со околу 30.000 долари и ќе добие казна затвор од 7 години.
Асоцијацијата на професионални фудбалери минатата година објави статистика дека 10% од фудбалерите во Русија добиле понуда за да наместат натпревар, а во големиот број на местенски во кои актери се самите фудбалери тие вложуваат пари за дополнителна добивка во кладилниците.