Според новиот закон кој ќе биде наменет за непослушните навивачи кои прават нереди на стадионите паричните казни ќе се движат од 90 до 310 долари или ќе бидат приморани да работат 160 часа бесплатно. Забраната за одење на стадион во зависност од инцидентот ќе се движи од 6 месеци до 3 години.
Оние кои ги предизвикуваат тепачките особено за време на натпревар кој ќе биде прекинат поради тоа, паричните казни ќе бидат повисоки и тоа минимум 775 долари, како и притвор од 15 дена. За редовните прекршители на законот ќе има и забрана за влез на стадион од 6 месеци до 7 години.
Новиот закон ќе вклучува и задолжителна листа на имиња со навивачи кои се учесници или организатори на инцидентите и кои ќе им бидат потребни на полицијата и спортските федерации, а стадионот ќе мора да вгради посебен систем кои ќе ги идентификува при влезот. Оние кои ќе ги прекршат забраните за одење на стадион ќе бидат уапсени и казнети со 775 долари.
Путин нема да ги поштеди ниту организаторите на спортските настани и сопствениците на спортските објекти кои исто така ќе бидат повикани на одговорност за прекршување на безбедноста и ќе се соочат со казни од 71.000 па се до половина милион евра во случај ако има и повредени лица. Стадионите ќе се соочат и со затворање до најмногу 3 месеци.
Русија и покрај тоа што има репутација како земја во која владее авторитаризам се уште има поблаги казни од многу западни земји, но ова по се изгледа е првичниот план за што поголема безбедност за Мундијалот во 2018 година на кој ќе биде димаќин.
Законот ќе стапи на сила на 19 јануари 2014 година.