Таг: русија

Русија се разбуди од Нова година

Со комплетно неверување, лондонски Гардијан вака го почнува текстот: "Додека во најголемиот дел од светот, Новата година значи свеж почеток, време за новогодишни одлуки, зачленување на фитнес и ветување за поголема продуктивност, во Русија таа означува две недели пиење без престан."

Возење низ Русија (компилација)

Има возење, има возење на пијано и има возење во Русија. Ова последново е еден чекор пред да станеш бомбаш самоубиец. Едно правило нема што не прекршија, плус некои комплетно нејасни моменти.

Битката за Москва, 70 години подоцна

На 7-ми ноември 1941-ва, додека Нацистите се на само 30 километри од Москва, во градот во исто време руската армија одржува парада пред да се упати кон фронтот. Ова се смета за моментот кога Германија ја губи војната во Советскиот сојуз, а со тоа и во остатокот од светот. Годинава беше 71-годишнината од парадата. Русите не заборавија.

Зошто толку Руси имаат камери во колите?

1. Не им е за да објавуваат клипови на ЈуТјуб. 2. Причината е што во Русија се драстично поголеми казните ако удриш пешак, отколку ако удриш автомобил. Ова го знаат и добар дел измамници, кои немаат никаков проблем да се фрлат пред кола само за да добијат отштета. Плус имаат фора и како да си наплатат скршен мобилен или лаптоп.

Штикла во грбот на Путин

Ако на почетокот на својата кариера како владетел на Русија, Путин имаше мака со чеченски муџахедини, во последниве неколку месеци не е раат од проблеми со опозициски жени. Најновата е руската Парис Хилтон - Ксенија Собчак.

Зошто Русија ја протерува USAid?

Руската Влада и даде рок на американската агенција за помош до 30-ти октомври да ги угаси сите свои проекти и операции во земјата.

Путин не владее со Русија

Со Русија управува организација налик Политбирото, составена од 8 моќници, а Путин е само човекот кој одржува баланс меѓу нив, се тврди во извештајот на московски Минченко консалтинг.

Сообраќаен соживот

Оволку разбрани луѓе одамна немаме видено. Посебно не во сообраќај, посебно не во Русија. Колку само смирено изреагираа. Извадија аргументи, се преброија во себе како може да излезе на крај работава и се поздравија.

Покачување против алкохолизам

Русија планира да почне борба против алкохолизмот која ќе стартува со сериозно зголемување на цените на вотката. Последен политичар кој се обиде да го направи ова беше Горбачов, во годината кога не доби нов мандат.

Хакерска жетва 2011-та

Во 2011-та руската мафија ја презема контролата и менаџирањето на сајбер криминалот во земјата и околината. Резултат - заработка од 4,5 милијарди долари само за лани.

Најскапиот развод на светот

Во декември 2008-ма Елена Рибовлева решава да се разведе. На одење, бара оштета од 6,3 милијарди долари од својот (на големо) неверен сопруг, инаку 13-от најбогат Русин. Уште ги бара.

Вселенскиот непријател на Русите

Америка има проблем со Мексико, ЕУ има проблем со секој што не е ЕУ, Грција има проблем со сите што и се во близина, а Русија има проблем со - астероиди.

Кориснички жалби и здивување

По 20-минутно чекање да биде услужен од вработените на авто-салон, еден Русин решил сепак да влезе во салонот, со џип, преку излог.

Одбрана и казна

Откако го одбранил своето семејство од 4-ца вооружени ограбувачи, 52-годишен Русин сега ќе треба да се одбрани пред суд дека не претерал кога убил тројца од напаѓачите.

Горбачов во поход

На 82 години Михаил Горбачов има нова амбиција во животот со две клучни точки: 1. партија, 2. симнување на Путин од власта.