Штикла во грбот на Путин

Ако на почетокот на својата кариера како владетел на Русија, Путин имаше мака со чеченски муџахедини, во последниве неколку месеци не е раат од проблеми со опозициски жени. Најновата е руската Парис Хилтон - Ксенија Собчак.

Собчак со години е една од најгламурозните тв водителки во Русија, и симпатизерка на претседателот Путин. Но сето ова се менува во декември 2011-та, кога таа во знак на противење на резултатите од парламентарните избори започнува со опозициони активности.

За да биде работата уште по компликувана, таткото на Собчак е првиот демократски избран градоначалник на пост-советски Санкт Петербург, и е долгогодишен ментор и пријател на Путин.

По преминувањето на другата страна, Собчак веднаш ја губи својата емисија на руското ЕмТиВи.

Неодамна Собчак се пожали дека полицијата без никакво објаснување и направила претрес на станот и од него изнеле 1 милион долари во готово.

22 септември 2012 - 17:27