Ова Политбиро е составено од осум водачи на кланови кои меѓусебно се натпреваруваат за моќ и влијание, а работата на Путин е преку постојаните кадровски промени да осигури дека ниту еден клан нема да добие премногу моќ.
Во извештајот се објаснува дека со враќањето на претседателската функција, Путин ја деградирал моќта на владата, формирајќи низа паралелни политички тела во претседателската администрација, чии надлежности се поклопуваат со оние на извршната власт.
Според Минченко консалтинг, групата е составена од:
- Генерал полковник Сергеј Чемезов, првиот човек на руската војна индустрија.
- Сергеј Иванов, шефот на кабинет на Претседател, и човекот задолжен за чување на грбот на Путин.
- Заменикот на Иванов, и најмладиот член на политбирото 48-годишниот Вјачеслав Володин.
- Новиот московски градоначалник, Сергеј Собјанин.
- Трговецот со нафта, Генадиј Тимченко.
- Банкарот и медиумски могул Јури Ковалчук.
- Првиот човек на Роснефт и најверниот сојузник на Путин, Игор Сечин.
- Премиерот на Русија, Дмитри Медведев.
Конкретно за Медведев во извештајот пишува дека тој изгубил сериозна поддршка од неговите сојузници, кога решил да не се кандидира за уште еден претседателски мандат. Според анализата "владејачкиот тандем" Путин и Медведев повеќе не постои, но Медведев и понатаму има сојузници меѓу владејачкиот естаблишмент, заради што тој може во секој момент да стане интересен за некој политичка фракција.
Од осумтемина во Политбирото, дури петмина се од Санкт Петербург, а најголемиот дел од нив се знаат со Путин повеќе од 20 години.