Откако го апсат заменик директорот на Националната управа за енергетика (на Кина), властите почнуваат да му пребројуваат колку мито во готовина заплениле кај него дома. До крај на пописот им се расипуваат 4 машини за броење пари.
Годинава беше 25 годишнината од протестите на Тиенанмен, настан кој речиси никој млад Кинез (под 30 години) не ни знае дека се случил и покрај тоа што во судирите сред Пекинг загинаа околу 2.000 луѓе.
Кинеската престолнина и официјално ќе преземе нешто околу проблемот со загадувањето и до 2020-та сосема ќе го забрани користењето на јаглен, за сметка на струјата и природниот гас. Замената не е ништо подобра.
По поразот од Камерун и ремито со Катар минатиот месец, македонската фудбалска репрезентација загуби и од Кина и со тоа ги продолжи неефикасните контролни натпревари пред есенскиот старт на квалификациите за ЕУРО 2016 година.
Наспроти сите наши очекувања (базирани на Холивуд, игрици и книги) за тајни бункери или лежишта на ултра зли негативци, акцијата се спроведува од куќа во Шангај, во која се сместени пет припадници на крајно нехоливудски именуваната единица на кинеската армија - 61398. Од тука тие ги започнуваат сите напади.
Тешко е да се одреди кумулативниот ефект на кинеското влијание врз странските медиуми. Денешната медиумска средина е како експертско дело во Фотошоп: веројатно сите работи се уште се во сликата, ама рабовите се омекнати, светлото е регулирано, и кој може да каже колку ова искривување влијае на нашата интерпретација?
Главниот економски планер на Кина има изработено проект кој предвидува спојување на неколку општини од Пекинг со градот Тиенцин и делови од провинцијата Хебеј. За да ви биде појасно, он планира да направи мегалополис од 100 милиони луѓе. (Германија има 82 милиони жители.)
Парите цело време да ти биле кај поранешниот кинески шеф за безбедност Жу Јонгканг, одговорен за комплетниот безбедносен апаратус во Кина. Ова е највисокиот функционер што е уапсен во Кина од доаѓањето на власт на комунистичката партија.
Нема никаков извоз и целото производство е за локален пазар, а вработува се што е женско, згодно и образовано. Да нема забуна, не е официјална индустрија.
Истата новинарска мрежа која минатата година собра 2,5 милиони документи со податоци за светски офшор компании, сметки и фондови, деновиве го објави својот извештај на тема Кина и офшор сметки на кинески функционери, на број - 22.000 клиенти.
Откако ќе ги поминете бескрајните, тесни камени скали, следи долго возење со жичара, па одење врз провалија по даски поврзани ко со хефталица. Но ако сето ова го издржите, на крај ќе ви се исплати. Горе ве очекува нешто посебно.
Се работи за тоа дека кинеските трговски центри почнале да воведуваат простории во кои сопругите можат да ги остават своите мажи, додека тие крстосуваат низ продавниците на трговскиот (пред одење мора да си ги земат). Истото ова подостоинствено се решава со отворање кафана во склоп на трговскиот.
Се ова што понатаму ќе го видите е дел од обука во приватна академија за телохранители, во која кандидатите влегуваат по сопствено барање и за која плаќаат пари.
Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.
95% од корумпираните кинески функционери имале љубовна афера, а 60% имале постојана љубовница (барем една). И не е дека мора да бидеш корумпиран за да имаш швалерка, само проблемот е што оваа навика не е воопшто евтина.
Минатата недела Кина имаше сериозен состанок околу реформите. Од тоа излегоа две работи: прво, ќе се олабави правилото за едно дете, и второ, се укинуваат работничките кампови за "ре-едукација" на политичките затвореници.
Кинезите се помирија со тоа дека нивната влада има нарачано и инсталирано 20 милиони камери за надзор низ целата земја. Ама никој од нив не очекуваше дека во Шангај, на еден единствен столб ќе има ставено 60 камери.
Кинеската влада до сега имаше речиси беспрекорно досие за тоа дека ниту еден внатрешен или надворешен субјект не може да и каже дали смее или не смее да ги прислушува и следи сопствените граѓани. Деновиве, на оваа тема доби крајно респектабилен противник.
Кога западњаците прв пат ќе дојдат во Кина тие се најдлабоко вчудовидени од строгата поделеност меѓу бракот, романтиката и сексот во земјата - за што според кинеското размислување потребни се три различни жени.