Таг: кина

НБА инвазија во Кина

Преминот на Јао Минг во НБА во 2002 година драстично ја зголеми популарноста на овој спорт во Кина, но од тоа голема придобивка има и најквалитетната кошаркарска лига која во оваа азиска земја го пронајде вториот најголем пазар во светот.

Правосмукалка за кинеските неба

11 милионски град во Кина е затворен заради неподнослива загаденост на воздухот. Во Пекинг веќе се работи на систем на гигантски правосмукалки кои би го цицале смогот од воздухот.

Акробација на денот

И Кинезите изненадија со атрактивен погодок кој заслужува да се погледне неколку пати, но ремек делото беше на непознат бразилски фудбалер по име Алекс Мајолино.

Кинеските затвореници за изнајмување

Бо Ксилаи, некогашната "ѕвезда" на кинеската комунистичка партија, речиси гарантирано ќе биде осуден заради мито од 3,4 милини долари, проневерување на околу 1 милион долари и заташкување на убиството на еден британски бизнисмен. Она што не е гарантирано, е дали тој ќе биде и човекот што ќе ја одлежи казната.

Списокот со желби на најбогатиот 1% од Кинезите

Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.

Кинески пркос

"Куќа од клинци" е кинескиот израз за сите оние семејства кои изминативе неколку години решија да се спротивстават и да не мрднат од својот имот, без разлика на тоа каков проект таму предвиделе властите и градежниците.

Пактот на смртта на кинеските селани

Селани од централна Кина потпишаа обврзувачки "пакт на смртта" според кој сите оние убиени, повредени или уапсени заради давање отпор на селењето од нивните рурални домови ќе им биде одадена почит или ќе бидат компензирани.

Зборувајте им за утринската гужва

Пекиншко метро, линија 13, кое било утро во работна недела.

Пасивните кинески фудбалери на часови по патриотизам

Строгиот комунистички режим во Кина не ги поштедува ниту фудбалерите кои го носат репрезентативниот дрес, па така неодамнешната "петарда" од селекцијата на Тајланд не значеше само отпуштање на селекторот, туку и посебен вид на казна за оние кои ги мрзело да трчаат.

Веројатно нема да сакате да живеете во највисоката зграда на светот

Облакодерот што се подготвува за градење во Кина веќе ги собра сите суперлативи дека инженерско чудо кое треба комплетно да го револуционизира градењето. Меѓутоа сега излезе дека живеењето во него воопшто нема да биде бајка.

Зошто има толку малку кинески зборови во англискиот?

Процесот на јазично позајмување е често пати непредвидлив и тешко подложен на некаква логика. Една од таквите загатки е зошто во англискиот, во кој си нашле место зборови од други земји на Далечниот исток, нема многу кинески зборови?

Колку би платиле за вашата невеста?

Како за ретко што Кинезите имаат прилично солидни стандарди околу свадбите, па пред било што да се случи зетот треба (буквално) да ја купи невестата од нејзиното семејство. За да нема ценкање, направиле и ценовник за целата земја.

На Кина почна да и станува срам од Кинезите

Потписот на еден кинески тинејџер на илјадници години старата египетска палата Луксор, беше причина неговата татковина да почувствува срам пред светот.

Кога ќе в странство појдете

Пред празник кој многумина Кинези го користат туристички да отпатуваат во странство, висок функционер на КПК порача кога ќе одат надвор да не бидат сељаци и да ја брукаат земјата.

Бизнисот на одржување ред и мир

Се проценува дека во Кина годишно има над 180.000 протести, бројка која повлекува околу 125 милијарди долари секоја година на опрема за немири и "одржување на стабилност."

Остани ѓубре до крај

Ако денес одите некаде на излет, не заборавајте по себе да си го соберете ѓубрето. Освен што со тоа ќе ѝ направите добро на природата, отпадот после можете да го искористите за креативни цели. Пример да ги искористите испиените стаклени шишиња пиво за - да купите уште пиво.

Дали се исплати крадењето ако знаеш колку ќотек те чека?

Прво на владините претставници им ги забранија раскошните банкети, потоа стана сериозно тешко да се добијат армиски таблички за автомобилот за избегнување на проблемите со сообраќајната полиција, а во меѓувреме блогерите се претворија во армија која го следи секој нивен потег низ целата земја. И сето ова додека сте во страв дека еден ден едноставно ќе ве снема.

Пекинг во 12 часот

Клучното што треба да го знаете додека ги гледате овие слики е дека тие се направени на пладне. Не навечер, не на зајдисонце, туку околу 12 часот. Еве како изгледа пладнето кога живееш во светскиот центар на загадувањето.

Дали Кинезите сами го предизвикаа земјотресот?

На 20-ти април, провинцијата Сечуан беше погодена од земјотрес со силина од 7 степени. Вкупно жртви – 188. Повредени - 11.500. Материјална штета - уште се пребројуваат. Причина за земјотресот – новата брана.

Пролетеријатот удри на шопинг

190 милијарди долари е сумата што Кинезите само лани ја потрошиле на шопинг на интернет, стои во извештајот на кинеската влада. Освен парите, извештајот има и некои други детали за тоа како ги трошеле.

На Кина и исчезнаа 27.000 реки

Последниве 3 години Кинезите земаа да ги бројат реките низ земјата. Пред почетокот на броењето, официјалната бројка им беше 50.000 реки. По завршувањето, сериозно се разочараа.

Воздухот во Кина е лош, водата е бетер

Иако сликите од смогот над Пекинг преовладуваа низ меѓународните медиуми, она што е драматично посериозно е загадувањето на реките и езерата во земјата.

Работниот ден на кинески хакер

Стануваш во 7, работиш до 17:30 или повеќе, се враќаш назад во соба, јадеш инстант нудли, гледаш епизода на "Prison Break," си легнуваш. Утре повторно.

Како 2.800 мртви свињи завршија во река во Шангај?

Во прашање е реката Хуангпу која го дели Шангај на два дела, а вонредната паника се должи на тоа што оваа e реката од која Шангај пие вода.