Откако Кинезите ги направија градовите во кои не стапна жива душа (а требаше милиони да ги има) сега дебатата е дали "ја утнавме работата" или "само време треба." Во меѓувреме целиот проблем стана трилема откако во равенката влезе и можноста за крах на пазарот на недвижности.
Кина за прилично кратко време успеа да стане втората по големина економија во светот. Најголемиот дел од овој успех се должи на евтината работна сила и производството од џиновски размери.
Откако загаденоста на воздухот во Кина достигна нивоа кои што се надвор од сите граници на мерење, на пазарот се појавија лименки полни со свеж воздух.
Од работничката униформа на Мао, преку крајно формалните костуми на претходната гарнитура, најновите владетели на Кина воведоа и нов официјален стил на облекување - директор на "афтер ворк" забава.
Заради градежен потфат во споредба со кој шеиците од Емиратите изгледаат како неамбициозни ѕидари, Кинезите ќе срамнат 700 планини за да можат да изградат метропола сред пустина.
Пред неколку дена објавивме за стариот брачен пар кој со целиот свој инает ги натера кинеските власти да направат автопат околу нивната куќа. Денес објавуваме за нивната капитулација.
Додека кинеските блогери и медиумите имаат неочекувано сериозен успех во откривање на корумпираните политичари, клучен сегмент на општеството за апсење на политичарите се - нивните швалерки.
Како врвен пример на "ефектот на пеперутката" есејот на еден корисник на Веибо (кинескиот Твитер) за неполни неколку дена беше ретвитуван над 4.800 пати, привлече над 500 коментари и беше пренесен на неколку медиуми.
Постар брачен пар решава да не им ја продаде својата куќа на инвеститори кои имаат градежен проект во нивното соседство. Инвеститорите се откажуваат, од купување на куќата, не од проектот.
Ќе си речете, Кина е сосема друг свет, којзнае како тоа функционира и колку е сосема различно од остатокот на светот. Ама не, луѓето и таму ги мачат истите секирации како и секаде. Бескрајните поскапувања, проблеми со владата и нееднаквоста.
За прв пат во 22 години, американски претседател забрани странска компанија да купи американски бизнис на територијата на САД. И сето ова нема никаква врска со бизнис, и има секаква врска со дроновите на американската армија.
Службениот пат во Кина преставува една од најголемите опасности за доверливите податоци на една компанија или една влада, порачуваат експертите, според кои во Кина најдобро е да се патува комплетно исклучен од се.
Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.