Лу Баоген незадоволен од компензацијата што му ја понудиле кинеските власти (22.000 фунти) реши да не се исели од својата куќа. И покрај ова властите решија да изградат автопат околу неговата куќа.
Откако веста и сликите од куќата сред автопат го обиколија светот, Баоген решава сепак да ја прифати понудата, која сега била покачена на 26.000 фунти.
Првиот човек на селото во кое живее Баоген, изјавил дека старецот без принуда и притисоци ја прифатил новата понуда во најголем дел заради тоа што му досадило вниманието од јавноста.