Околу куќата на Лу Баоген и неговата сопруга, изграден е сосема нов автопат откако брачниот пар одбил да се пресели бидејќи им била понудена премногу ниска цена за објектот.
Зградата од пет спратови се наоѓа буквално во средината на патот а излезот е одма на улица (нешто слично на зградите на Васил Ѓоргов). За да се осигури безбедноста на брачниот пар, зградата е оставен недопрена и покрај тоа што сите нивни соседи се иселени.
Според новите закони во Кина, со кои се воведува право на приватна сопственост, никој не смее на сила да исели луѓе кои живеат во сопствен стан / куќа. Претходно, кога приватната сопственост беше забранета, граѓаните немаа право да одбијат присилно иселување заради изградба на најразлични проекти (патишта, згради, фабрики, хидроцентрали...).
Во слична ситуација како Баоген, е и едно семејство од Шандонг провинцијата, кое одби да ја продаде својата куќа на инвеститорот кој градеше облакодери во областа.