Воздухот го продава милионерот Чен Гуангбиао, а цената на една лименка е 5 јуани или околу 0,6 евра. Лименките доаѓаат со различни "вкусови" во зависност од тоа каде се полнети.
Како што објаснува Чен, идејата е сериозно да се сврти вниманието кон проблемот со загадување, бидејќи воздухот во Кина станува толку лош што идејата за флаширан воздух и не е така далеку.
"Ако не почнеме да се грижиме за околината, тогаш за 20 или 30 години нашите деца и внуци ќе носат гас маски и боци кислород," објаснува Чен.