Кина "кежуал"

Од работничката униформа на Мао, преку крајно формалните костуми на претходната гарнитура, најновите владетели на Кина воведоа и нов официјален стил на облекување - директор на "афтер ворк" забава.

Новата униформа е составена од бела кошула со откопчано горно копче (нормално без вратоврска), во комбинација со сако или кратка винтјага . Доколку е можно без очила.

Модните промени се дел од владината кампања за намалување на елитизмот во кинеската политика, што е една од главните забелешки на кинеските граѓани. Сега Кси и тие под него ќе треба повеќе да изгледаат како обични Кинези. Иако на новата позиција Кси Џинпинг официјално ќе седне дури март, на неговото прво појавување во јавност по назначувањето тој беше облечен во релаксирана варијанта.

Во 1949-та Мао Це Тунг нареди сите мажи и жени да носат костуми, налик војнички униформи без ознаки. Во 80-те за време на Ху Јаобанг и Џијанг Це Мин почнаа да се носат костуми како на Запад, што требаше да ја означи економската либерализација на земјата. Од тогаш до денес облеката беше прилично еднолична: црн костум, бела кошула и вратоврска.

Целта на воведувањето на западњачките костуми во 80-те беше да им се помогне на западните лидери да го надминат фактот дека всушност соработуваат со комунистичка држава. Во тој период, кинеските лидери продолжија да ги носат костумите на Мао за време на официјални армиски настани.

Со промената, Кси исто така сака да ја истакне својата позиција. Пред ноемврискиот конгрес, неговиот стил на облекување не се разликуваше од останатите кинески функционери.

12 декември 2012 - 10:10