
Истрагата на Њујорк Тајмс покажала дека семејството на актуелниот премиер, вреди 2,7 милијарди долари, пари кои се заработени исклучиво по политичкиот успех на Џиабао.
Така на пример, неговата 90-годишна мајка која е пензионирана учителка во основно училиште, успеала да направи 120 милиони долари благодарејќи на една инвестиција во компанија за финансиски услуги.
Најголемиот дел од богатството на Џиабао не е во неговото најблиско семејство, туку е поделено меѓу роднини, заради што може да ги избегне кинеските закони за пријавување на имот. Дури и во овие случаи имињата на неговите роднини се скриени зад неколку слоеви партнерства и инвестициски фондови, кои вклучуваат голем број колеги и бизнис партнери на премиерот.
Меѓу имотот кој го поседува семејството на Џиабао, се удел во банки, златари, туристички ресорти и телекомуникациски компании, тука е и компанијата која работи на еден проект за изградба на вили во Пекинг, фабрика за гуми со северна Кина, компанијата која помогнала да се изградат дел од стадионите за Олимпијадата во Пекинг, компанијата задолжена за прочистување на отпадните води во некои од најголемите градови во Кина и Пинг Ан Осигурување, една од најголемите светски компании за финансиски услуги.