На Кина и снемува материјал

Само во една провинција во Кина 14,5 милиони мажи имаат проблем со неплодност, а и во другите не е ништо подобро.

Во провинцијата Гуандонг, на вкупно 104 милиони луѓе има само една банка на оваа тема. Паровите генерално треба да чекаат најмалку една година пред да дојдат на ред во банките. Заради недостатокот, дури и владата апелираше до студентите да донираат (една од пораките беше - нема да те боли, ниту ќе те убие).

На страна природните проблеми кај мажите, целата работа дополнително е отежната и од културолошките и правните проблеми за отворање банка за сперма во Кина, која би требало да помогне во ситуацијата.

Причината за недостатокот е што спермата во Кина е поврзана со виталноста на мажот и нејзиното раздавање се смета за табу. Кинеските весници пренесуваат повеќе стории на студенти кои со криење од семејството донирале семе во банката.

Друга причина е што законот бара која било донација да биде поделена меѓу максимум пет жени, додека во другите држави просекот е 10 жени. Објаснувањето за ова е дека на тој начин се намалуваат шансите двајца луѓе родени од иста сперма да завршат заедно во врска или брак.

7 септември 2012 - 12:20