Обама го спречи преземањето на една фарма на ветерници од страна на една кинеска компанија.
Околу целата работа има два спорни моменти за Американците:
1. Фармата се наоѓа во Орегон, веднаш до морнаричката база за тестирање и тренинг на вооружени системи (во која се тестираат постојните и нови модели на безпилотните летала), и се смета дека Кинезите "можат да преземат мерки кои би ја загрозат националната безбедност на САД."
2. Сопственик на кинеската компанија, Ралс, е вториот по богатство човек во Кина, Лианг Венген, кој од неодамна беше назначен за член на ЦК на Кинеската комунистичка партија.
По забраната од Обама, Кинезите поднесоа тужба против САД во која бараат отштета од 25 милиони долари.
Забраната на Обама исто така вклучува дозвола за американските власти да ги интервјуираат вработените на компанијата и да ги разгледаат документите за да се осигураат дека се е во ред.