Само рушењето на 700-те планини во близина на градот Ланжу, ќе чини 2,2 милијарди фунти. Површината на новиот град треба да биде 130.000 хектари и ќе се наоѓа на 80 километри од Ланжу, главниот град на провинцијата Гансу.
Оваа провинција важи за една од најслушните области во Кина, заради што дел од планот е да се пренасочи водата од планините и да се искористи за пошумување на областа.
Проектот веќе има собрано инвестиции од околу 7 милијарди фунти. Се очекува дека новиот град до 2030-та ќе го зголеми бруто домашниот производ на регионот на 27 милијарди фунти. Целиот проект е на Пацифик Констракшн Груп, една од најголемите приватни градежни компании во Кина.
На страна градежните проблеми, целата идеја за многумина е спорна по финансиска и еколошка основа. Според професор по економија на Ренмин Универзитетот во Пекинг, проектот нема да ги извади парите бидејќи "пазарот на недвижности во Кина е многу ризичен и одамна го има надминато бумот." Минатата година СЗО го прогласи Ланжу за најзагадениот град во Кина. Главни индустрии во градот се текстил, метал и производство на вештачко ѓубриво.