Младиот Кинез Лин за време на Светското првенство бил во загуба околу 3.000 долари, а маките решил да си скрати со скок од седми кат. Според исказот на сведокот кој го пренесува „Франс прес“ тој се обложувал со позајмени пари.
„Го слушнав кога рече не ме форсирајте и дајте ми уште два дена и ќе ви ги вратам парите. Зборуваше на телефон повеќе од 10 минути, а потоа откако го гледав како стои, исчезна“.
Ова е втор смртен случај во Кина за време на Мундијалот. Претходно поради неспиење и исцрпеност почина млад љубител на фудбалот кои ги следел сите натпревари на Светското.