На првиот пријателски натпревар против Кина, селекцијата на Македонија составена од играчи од домашното првенство забележа пораз од 2:0, а головите паднаа во вториот дел. Ханчао го отвори резултатот во 55 минута, а во последните мигови од средбата Гао Ди го постави конечниот резултат.
Македонската фудбалска репрезентација веќе на три контролни натпревари има проблеми со реализацијата. По овој меч кој се одигра во Шенјанг, составот на Бошко Ѓуровски се сели во Јинан каде на 22-ри ќе се обиде да го поправи впечатокот против истата селекција.
Нашиот национален тим средбата со Кина ја започна со Наумовски, Цуцули, Дамчевски, Велкоски, Силјановски, Лена, Аврамовски, Тодоровски, Најденов, Љамчевски и Илиоски, кој беше капитен.