Таг: Грција

Турците имаат објаснување зошто свиреле на молкот за жртвите од Париз

По пар пијани навивачи на БиХ кои во Даблин го прекинуваа 1-минутниот молк, синоќа на пријателската меѓу Турција и Грција во Истанбул, домашните навивачи громогласно го исвиреа 1-минутниот молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Париз.

Скриена камера и шоу за Биг Софо во Белград

Камерунецот кој настапува за грчката репрезентација, Софоклис Скорцанитис е нов член на Црвена звезда. По слетувањето на белградскиот аеродром, го излажаа дека поради дефект на автомобилот, ќе мора да продолжи со градски превоз, а таму го чекаше изненадување.

Грците во полн состав на ЕП во Загреб

На 11 дена до почетокот на ЕП, селекторот на првиот ривал на македонската репрезентација го објави списокот на кошаркари со кои ќе настапи на првенството во Загреб. Хелените со дури тројца НБА кошаркари.

Алтернативната грчка валута „ТЕМ“ - пет години подоцна

„Експериментот" со ТЕМ-от воведен во Волос, за кој прв пат слушнавме во 2010, сè уште трае. Интелектуална инспирација на неговите креатори се Аристофан и Џон Ленон. Дали ваквата економија е сепак ограничена на микро-заедници и само на краток рок?

Помогни ѝ на Грција, купи остров

Една од кафанските логики за тоа зошто Грција никогаш нема да пропадне е - има илјадници острови, сто да продаде ќе се спаси. Ако ја прескокнеме целата економска логика, макроекономските сили и здравиот разум, и одиме по оваа линија за спас на земјата, тогаш ова најевтиниот придонес за да ѝ се помогне.

ЛА Тајмс: Александар не бил Грк

„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.

Што е тоа „добар Европеец"?

Каква врска има Фридрих Ниче со Грција, економската криза и Европа? Иако звучи необично, неговиот концепт на „добар Европеец" деновиве е (не)свесно користен и од политичари и од новинари.

Бегај од Грк со обврзници

Во 2010-та година (на нашата претходна веб адреса) го објавивме на македонски овој текст на Венити Фер со најава "Веројатно најдобриот текст што ќе го прочитате за грчката криза". Пет години подоцна, после сè што прочитавме и пренесовме за Грција, го реобјавуваме со најава: "Веројатно најдобриот текст што ќе го прочитате за грчката криза".

Сезонска карта за Олимпијакос за 100 евра

Грчкиот шампион Олимпијакос реши двојно да ги намали цените на сезонските карти за новата фудбалска сезона како одговор на големата финансиска криза во Грција.

Трагедијата со метафората за грчката трагедија

За да ја опишат кризата во Грција новинарите и коментаторите (па и нашите) посегнуваат по најбаналното можно клише - кризата е трагедија, а штом се случува во Грција зошто да не ја наречеме „грчка трагедија"? И тука да застанеме.

"Стегањето на каишот" е класна војна

Американскиот интелектуалец смета дека официјалната политика на европската тројка е продолжување на класната војна со други средства и предупреди дека опасноста од претераното притискање на левичарите на Сириза е јакнење на десничарите од Златна зора.

Комплетната катастрофа на Грција

Kнига на дописник на Wall Street Journal, по потекло Грк, во која низ мешавина на гадење и енергичност се обидува да покаже кога и како работите во оваа земја тргнале на лошо. Главни виновници според него се самите Грци и нивните мали и големи далавери.

Грците ја одбија Европа

Наспроти не баш малиот број македонски дејци  кои своевремено запнаа да убедуваат дека референдум (во нашиот случај за името) е кукавичлук, криење зад народот и недостаток на лидерски капацитет, Грците референдумски се изјаснија за прашање кое го сметаат за важно со резултат кој изненади многумина.

Грчките медиуми се дел од проблемот

Плукачкиот сензационализам на грчките медиуми не им помага на граѓаните туку само ги бетонира стереотипите кои лесно се продаваат. Од друга страна, дивеењето кај приватните медиуми нема соодветна контратежа на јавната сцена бидејќи пред две години државата го укина јавниот дифузер.

Антиќ ја виде фештата во Пиреја и топовските удари во сала

Втор пат во претходните 17 години Панатинаикос остана без титула во кошаркарското првенство на Грција, а Олимпијакос е новиот шампион. И Перо Антиќ во живо беше на прославата.

Грчка фудбалска рапсoдија

Некогашниот европски првак повторно загуби од репрезентацијата која долго време служеше за поправање на гол разликата. По Атина, Хелените со спуштени глави излегоа и вчера од Фарски Острови.

Зошто Грција (пак) е во проблеми

Грција наводно неколку пати беше на самиот раб, давајќи му одреден 'Денот на мрморецот' призвук на целата сага. Кога во февруари беше продолжен рокот за спас малкумина веруваа дека земјата ќе преживее до јуни без договор. Земјата нема добиено никакво надворешно финансирањето од август 2014-та.

ММФ, комшиите на Грција и Грција

Меѓународниот монетарен фонд работи со властите во југоисточна Европа на план за евентуален банкрот на Грција. Иако сето ова им е по процедура, неочекувано е што ова е ретко јавно признание дека се разгледува и опцијата за неуспех на преговорите со Атина, пишува Вол Стрит Журнал.

Грчката ситуација во неколку твитови

Дали може и зошто не може Грција да ја напушти Европската монетарна Унија, што се случуваше изминатиов период во Грција и што ќе се случува во скора иднина, според твитовите на човек што малку подлабоко ја следи ситуацијата.

Атинското дерби - кратка линија на животот

Во продолжение од дерби серијалите на ЕСПН, редот му дојде на еден од најжестоките дуели во Европа. Оној во Атина, каде право чудо е ако натпревар меѓу зелено и црвено-белите не се прекине и ако нема повредени.

Грција се пресрами

Грчкиот парламентарен комитет пресмета дека германската окупација на Грција за време на Втората светска војна ги чинела 279 милијарди евра, и бараат наследниците на Третиот Рајх да им ги вратат парите.

Потеклото на грчките проблеми

Во дузина јасни слајдови, Бизнис инсајдер го покажува она што овде за Грција се знаеше отсекогаш, дека сите нејзини денешни проблеми можат да се лоцираат уште во 70-тите години на минатиот век.

И Грција има долгови за трка

Одејќи по старогрчката доктрина - долгови не му бришат на убав, него на упорен, Грците се на пат од Германија да ги наплатат првите побарувања за оштета од Втората светска војна.

Брат за брат, Грција должна

Во 2013-та грчкото министерство за финансии нарачува официјална студија за германските долгови кон Грција од Втората светска војна. Прегледуваат стотици илјади документи, и крајниот цех адаптирано на денешни пари изнесува 163 милијарди долари.