Два натпревари, две победи за Фарски Острови против Грција. По минималниот триумф 0-1 минатиот ноември во Атина, селекцијата на Фарски Острови и на свој терен ги надигра Грците и го повтори големиот успех.
Головите за Фараните ги дадоа Халур Хансон во 32. минута и Бардур Олсен во 70. минута. Единствениот гол за Грците беше дело на Сократис Папастатопулос во 84. минута.
Со вчерашната победа, Фарски Острови по четврти пат во својата историја на два натпревари победуваат иста селекција од квалификациска група. Претходно два пати го победија Сан Марино во квалификациите за ЕВРО 1996, ја победија Малта два пати во квалификациите за СП 1998 како и Луксембург во квалификациите за СП 2002. Најдобриот учинок во група, Фарски Острови го имаа во квалификациите за СП 2002 година во Јапонија и Јужна Кореа, кога завршија со седум освоени бодови. Фарски Острови сега имаат шест бода и се на четвртото место во групата Ф, каде Унгарија има пет бодови повеќе од нив. Грција остана без победа и е на дното во групата.
Сега, оваа мала земја е близу да го поправи и тој учинок по двете победи над европскиот првак од 2004. година.
Хајлајтс од мечот кој беше сензација на вечерта: