Неколку корисници на Твитер и Фејсбук од Турција синоќа и утрово даваа објаснување за тоа што се случило пред почетокот на мечот Турција - Грција (0-0). Еден од нив е и Мустафа Осари, студент на Анадолу Универзитетот кој напиша што се случило синоќа на „Башакшехир Фатих Терим“ стадионот.
„Да ви појаснам: Во Турција (посебно на фудбалските натпревари), 1-минутниот молк секогаш се користи за да се запее во чест на оние кои загинале во терористички напад.
Оттука и скандирањето "Şehitler ölmez, vatan bölünmez" што во превод значи „Мачениците не умреа, тие се бесмртни, земјата наша е неразделива". Ова е скандирање уште од времето поради нашите проблеми со Народната партија на Курдите која убива по Турција.
Во секој случај тие ги свиреа терористите, а не жртвите. Секоја жртва на тероризмот е страдалник, маченик во турската култура. Нема никакво непочитување за жртвите, немало и ќе нема.
Ги демантираме медиумите кои го пренесоа исвиркувањето и бараме извинување од вас, затоа што многу луѓе во светот сега ќе се свртат против нашата земја и тоа од погрешни причини, напиша извесен Мустафа Осари.
Во прилог на тоа, коментаторите постираа и видео на кое се слуша истото скандирање на друг стадион и натпревар: