Додека Франција и Германија играа пријателска средба во Париз, веднаш до стадионот имало престрелки. Во еден момент од мечот се слуша експлозија, но делува како некоја петарда меѓу публиката. Пред мечот Германците беа евакуирани поради дојава за бомба во хотелот. Претседателот на Франција, Франсоа Олан бил евакуиран за време на натпреварот.