Една од поголемите европски обложувалници, Paddy Power го избрала најлошиот можен момент на невкусен начин да ги рекламира своите понуди - веднаш по терористичките напади во Париз.
Најпрвин на француски, а веднаш потоа и на англиски јазик објавиле: „О ла ла, време е да се клади на коњиски трки". Пораката е објавена од мобилен телефон во утринските часови на 13. ноември во сабота, ден после терористичките напади во Париз.
Многу корисници сметале дека употребата на француски јазик е намерна, но ПР службата на Paddy Power издаде демант:
„Жал ни е што не ве известуваме подоцна. Ние имавме планиран билтен пред да знаеме за настаните во Париз".
Ништо помалку луѓе забележале уште една провокација. За време на првите саботни извештаи од лице место за трагедијата во Париз, Paddy Power ја објавил на Твитер следната порака за мечот БиХ - Република Ирска:
„Задоволство ни е што мечот заврши 1-1. Крив е ебениот судија".
Тешко е да се дознае дали знаеле за трагедиите во Париз. Твитот набрзо беше отстранет, а приказната запоставена. Инаку Paddy Power има преку половина милион следбеници на социјалните мрежи и важи за една од најпознатите обложувалници во светот. Овој бренд случајно или не го рекламираа Бентндер, Аршавин, Меси, Пеле кои веројатно дозволиле употреба на нивните имиња и презимиња во некои реклами на обложувалницата.