Меси, Пеле и Марадона ќе играат за англиски шестолигаш

Можете ли да замислите во еден тим да играат Лионел Меси, Паоло Мадлини, Пеле, Диего Марадона... а тимот да го води Жозе Мурињо? Од оваа сезона таа слика ќе можеме да ја видиме на теренот на англискиот шестолигаш Фарнборо.

Фудбалскиот клуб Фарнборо кој игра во англиската Конференција Југ, долго време се мачеше со финансиски проблеми, а неодамна од банкрот ги спаси кладилницата Paddy Power.

За оваа кладилница и нивниот маркетинг сектор пишувавме и претходно, а тие уште еднаш на дело докажаа дека се цареви. Кладилницата не само што го спаси клубот од банкрот, туку и им понудија големо спонзорство, но под еден услов. Фудбалерите и тренерот мораа да ги променат своите имиња.

Па така следната сезона во тимот ќе настапуваат Лотар Матеус, Роберто Карлос, Паоло Малдини, Кафу, Џон Тери, Франц Бекенбауер, Џорџ Бест, Пол Гаскоњ, Зинедин Зидан, Лионел Меси, Диего Марадона, Пеле...

Тренерот ќе се вика Жозе Мурињо, неговиот асистент Педи Пауер, а еден од тренерите е Сер Алекс Фергусон.

13 август 2013 - 14:23