Германската фудбалска селекција преживеа драматични моменти пред и по пријателскиот натпревар со Франција, затоа што додека се играше дуелот на Сен Дени во околина и на влезот од стадионот имаше серија терористички напади во кои загинаа 128 луѓе, а 180 се повредени. Пред натпреварот, Германците биле евакуирани од хотелот поради лажна дојава за бомба.
Откако од Париз се вратиле во Германија рано претпладнево, менаџерот на селекцијата Оливер Бироф открил дека сите фудбалери и целата делегација на Панцерите ноќта ја поминале во соблекувалните и на стадионот, а не во хотелот.
„По се што се случи не сакавме да ризикуваме и решивме да не тргнуваме низ Париз за да стигнеме до хотелот, туку одлучивме да останеме во соблекувалните на стадионот“, октрил Бироф по слетувањето на аеродромот во Франкфурт.
Некогашниот играч на Милан истакнал и дека фудбалерите како ретко кога биле вознемирени и уплашени:
„Информациите не ни беа јасни, и постоеше страв. Сега безбедно допатувавме во Германија, се е завршено добро и репрезентативците по напорната ноќ, ќе го поминат денот со своите семејства за да се одморат“, заклучи Бироф.
Инаку Светскиот првак во вторник треба да игра пријателска против Холандија, но се уште не се знае дали ќе го откажат тој дуел.
„Одлуката уште не е донесена, но јас сум за тоа да се игра. Не треба да им се допушти на тие кои не нападнаа да бидат победници“, кратко изјавил в.д. претседателот на германската фудбалска федерација, Рајнхард Раубал.
Головите на Жиру и Жињак со кои Франција победи 2:0 против Германија: