
Во терористичките напади за кои одговорност презема Исламската држава во Париз загинаа преку 150 луѓе а повредени се повеќе од 290.
Нападот се случи за време на мечот на стадионот во Сен Дени, на кој Франција ја пречека Германија во пријателски натпревар кој заврши 2:0 за домашните.
Еден од актерите на мечот беше и некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Ласана Диара кој во моментов игра за Олимпик Марсеј а против Германците одигра 80 минути. Диара заедно со 80.000 луѓе неколку часа поминал на стадионот по натпреварот, а по враќањето во хотелот го пречекала тажна вест.
„Добра вечер на сите, во светлото на драматичните настани кои синоќа се одиграа во Париз и Сен Дени, со голема жалост во срцето ви го пишувам ова денес.Како што можеби прочитавте, лично сум погоден од овие напади. Мојата роднина Аста Дијаките е една од жртвите на пукотниците кои се случија синоќа, како што е тоа случај со стотини недолжни француски и странски државјани.Ми беше голема поддршка, како постара сестра.Во ова време на терор, важно е за сите нас кои ја претставуваме нашата земја и нејзината разновидност, да настапиме обединети во лицето на хоророт кој нема врска ниту со религијата ниту со бојата на кожата.Заедно може да ги одбраниме љубовта, почитувањето и мирот. Благодарам на сите за пораките на поддршка, водете сметка за себе и своите, чувајте се и нека нашите жртви почиваат во мир“, напиша Ласана Диара на социјалните мрежи.
Комплетен извештај за терористичките напади во близина и на самиот стадион Стад д Франс тука.