Германската фудбалска репрезентација денеска беше евакуирана поради лажна дојава за бомба во хотелот каде беа сместени, но тоа веројатно беше најава за крвавата ноќ во Париз каде се регистирани терористички напади на седум локации.
Силната експлозија која се слушна за време на средбата меѓу Франција и Германија се испостави дека била во близина на стадионот каде загинале тројца од вкупно над 150 жртви во Париз. Откако мечот заврши, публиката мораше да остане за да се утврди дали е безбедно пред влезовите на стадионот.
Мечот го гледаше и претседателот на Франција, Франсоа Оланд кој веднаш бил евакуиран, а Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба.
Пукање и жртви имало во ресторан и за време на концерт, а според првичните информации убиени се тројца терористи. Овој ужас во Франција се случува на седум месеци пред стартот на Европското фудбалско првенство.