„Сите сме првенствено луѓе, а после спортисти. Секако дека случувањата од минатиот ноември ќе влијаат на нас кога ќе тргнеме кон стадионот“, вели напаѓачот на Арсенал и француски репрезентативец Оливие Жиру.
Во вторник, на 29. март Франција ќе игра пријателска против Русија и тоа ќе биде прв меч на Триколорите откако за време на нивниот дуел против Германија, на 13. ноември теростички напад беше изведен пред стадионот кога се разнесе бомбаш-самоубиец.
Натпреварот почнува од 21 часот а за тој ден се предвидени дополнително засилени мерки на безбедност. Првиот безбедносен прстен ќе биде поставен подалеку од вратите на стадионот каде ќе се контролираат влезниците а навивачите ќе бидат строго претресувани. На влезот на стадион мерките ќе бидат како никогаш досега. Што се однесува до составите, во селекцијата на Русија историски момент беше дебито на бразилскиот голман Гиљермо кој веќе неколку сезони брани за Локомотив Москва, а дебитираше за Зборнаја откако влезе на полувремето од мечот против Литванија.
Од Руската фудбалска федерација изјавија дека се подготвени за дуелот со Франција и не се плашат од тоа што таму се случи пред 5 месеци.
„Се е направено за да им се гарантира безбедност на учесниците. Трагедиите во Париз и Брисел се потсетник на моменталното опкружување, но мора да одиме напред“, кратко изјави Дидие Дешамп, францускиот селектор.
Инаку дуелот меѓу Франција и Русија ќе биде проба на организаторот во пресрет на Европското првенство кое почнува на 10. јуни и ќе трае до 11. јули во Франција. Досегашните процени најавуваат присуство на околу 2,5 милиони навивачи од сите страни на светот. Еврото ќе се игра во 10 градови домаќини.
„Житот треба да се врати во нормала. Сите мои пријатели и роднини ќе дојдат на стадион во вторник“, изјави бекот Кристоф Жале.