Гркинки по цена на сендвич

По основа на бројки за околу 17.000 секс работнички, мометално Гркинките доминираат во проституцијата во Грција, позиција што до сега беше резервирана за жените од Источна Европа, стои во извештајот објавен од Вашингтон Пост, кој текстот го почнува со "младите Гркинки се продаваат по цена од сендвич по 6-те години болни мерки за штедење кои ја турнаа европската земја до финасискиот раб."

"Некои жени ова го прават за пита со сирење, или сендвич, затоа што мораат да јадат бидејќи се гладни. Други го прават ова за да платат даноци, сметки, за итни трошоци или за брз фикс," изјавил професорот по социологија од Пантенон Универзитетот во Атина, Грегори Лаксос.

Лондон Тајмс ја пренесува изјавата на Лаксос, според кои пред почетокот на кризата, просечната цена на проститутките во Грција е 50 евра, а сега може да се најде и за 2 евра за "сесија" од 30 минути.

Лаксос ова го зборува по основа на околу 400 вакви случаи кои ги има евидентирано, и дополнува дека моментално околу 80% од проститутките во Грција се Гркинки.

Неговата студија покажала и дека се повеќе расте бројот на "очајни малди девојки кои нудат најевтин секс."

Тој предвид зема дека и на глоблано ниво паѓа цената на проституцијата, бидејќи интернетот нуди се повеќе и повеќе секс содржини. Во извештајот се споменува дека и на ниво на Европа значително е падната просечната цена од 180 евра за еден час.

Студијата следува откако минатиот месец се појави веста за невработената мајка која за пари ја нудела својата 12-годишна ќерка на свештеник и на пензионер. 44-годишната мајка е осудена на 33 години затвор и казнета е со 100.000 евра.

27 ноември 2015 - 17:00