Таг: германија

Лошата серија на Светските прваци кои зарибуваат во прво коло

Ако Германија сака да избегне бламажа и да оди во нокаут фаза нека освои како знае и умее 6 бода до крај, а истовремено подобро да не гледа што им се случи на бранителите на тронот во новиот милениум.

Мексиканската влада пријави земјотрес по голот против Светскиот првак

Ете до таму отиде радоста на Мексиканците кои ја урнаа Германија и драстично се доближија до осминафиналето на Мундијалот во Русија. Од многу скокање се вклучил алармот од кој секој човек го фаќа страв.

Чаки Лозано - детето со прекар од кукла-убиец е херој на Мексико

Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.

Студен туш за Германија и Бразил, Мексико во транс

Светскиот шампион Германија изгуби 0:1 од Мексико а Швајцарците го задржаа Бразил на 1:1 и освоија драгоцен бод.

Германија светски шампион!?

Економист од германската Комерцбанк врз основа на свои симулации, формули и ексели ја прогласи Германија за победник на претстојниот Мундијал. Да не биде претерано „свој на свој“ авторот на анализата е Британец кој работи во лондонското претставништво на банката.

Правилата на германскиот селектор за играчите на Светско

Еднаш јавноста дознала детали од внатрешната кујна за тактиката, Јоаким Лев бил бесен но „кртицата“ не можеле да ја најдат. Им дозволува да се напијат пиво или вино пред спиење и после натпреварите.

Германски весник отпушти карикатурист заради карикатура со Нетанјаху

Одлуката на Зидојче цајтунг е по основа дека во карикатурата на израелскиот премиер се користени „анти-семитски клишеа“. На ваквата одлука реагираше Турција, потсетувајќи дека кога тие им префрлиле на Германците за карикатура на Ердоган од истиот автор, тој бил бранет по основа на слобода на говор.

На денешен ден: 85 години од масовното горење книги во Германија

10 мај 1933. На плоштадот на Операта во Берлин се донесени повеќе од 20.000 книги. 5.000 студенти во рацете држат факели, покрај нив десетици илјади собран народ. И тоа е само еден од настаните низ земјата со иста цел - горење неподобни текстови.

Германија меѓу „добродојдосте мигранти“ и „бидете раат Евреи“

Како што земјата почна да вдомува милиони мигранти од делови од светот во кои мразењето Евреи е речиси уставно загарантирано право, така почнаа и да растат тензиите кои не дека ќе тргнат накај смирување.

Телохранителот на бин Ладен социјален случај во Германија

По барање на крајно десната Алтернатива за Германија, германските власти објавија информација дека мажот познат како Сами А. кој има работено како обезбедување на бин Ладен, се уште живее во Германија и добива социјална помош од земјата.

Само вие да не тргнете накај крајна десница

Моментално германската војска води над 400 истраги за случаи на крајно десничарски инциденти меѓу своите припадници.

Стандардот не паѓа од небо

Како синдикатите најавија, така низ Германија почнаа да секнуваат јавните сервиси, па низ земјата работат привремено ја прекинаа комуналните компании, јавниот превоз, градинки и институции како завод за вработување, и веројатно најболното од сè - аеродромите.

Фудбалот денес и во времето на Клосе

Иако изгледа како да беше вчера, сепак од седмицата на Германија која му ја додели на Бразил поминаа неполни 4 години. Вечерва играат пријателска, а во пресрет на средбата куса изјава даде најдобриот меѓу најдобрите, кој им го плесна во фаца на тие што не излегуваат без фризура на натпревар.

Германските градови добија дозвола да забрануваат дизел возила

Еден од највисоките германски судови одлучи дека градовите низ земјата имаат право да забрануваат дизел возила на нивните улици како мерка за намалување на загадувањето.

Кој рече навивачи не одат на опера и балет?

Иако на прв поглед изгледа како група хулигани да ја завзеле и освоиле зградата на Дрезденската опера и балет, конечно јавноста во Германија сфатила за што се работи - Кампањата за новите оперети и балетски претстави во ова прекрасно здание вклучила 1.200 случајно избрани навивачи на Динамо Дрезден.

Германија потврди дека и во 2017 работела како да е Германија

Не е изненадување што минатата година, 2017, германската држава успеа да ја заврши со суфицит (пари останати од буџет откако сè платиле). Кога ќе видиш не е ни изненадување дека овој суфицит е најголем во историјата на обединета Германија. Само продолжете вие така.

Германците испиле 3.500 литри безалкохолно пиво на Олимпијадата

Сите германски спортисти во Пјонгчанг пијат безалкохолно пиво после тренинзите и натпреварите. Германија до денес освои 24 медали на Зимските Олимписки Игри од кои 12 се златни.

Како во Германија протестираат против фудбал во понеделник

Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.

Релативноста и апсолутноста на сиромаштијата

Релативноста се однесува на тоа дека е сосема различно да си сиромашен во Цирих и да си сиромашен во Сао Паоло. Апсолутноста е дека ако еднаш си сиромашен, овој статус ти останува и е наследен.

Македонија против Романија ќе се бори за Светско 2019

За време на фантастичниот викенд во Загреб со кој се заокружува Европското првенство во ракомет, се одржи и ждрепката за следното Светско првенство 2019-та кое официјално ќе се отвори на 10. јануари следната година во Берлин.

Судискиот превид - фаулот над Миркуловски за исклучување

По секоја логика фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Страшниот двоен цепелин на Лазаров и Георгиевски

Македонија предводена од Ел Команданте Раул игра врвен атомски ракомет и со големи три бода оди во следната фаза. Вечерва и актуелниот европски шампион Германија на своја кожа го почуствува нашиот најдобар рецепт.

Јуначка игра за реми на Македонија со европскиот шампион

Во последното коло од групата Ц, нашите најдобри ракометари ремизираа 25-25 (11-12) со актуелниот европски првак Германија и со три бода одат во следната фаза.

Сите меѓусебни дуели меѓу Македонија и Германија

Тешко е да се игра ракомет против Германците. Некој ќе каже поради наклонетост на судиите, но не може да се игнорира фактот дека се меѓу водечките ракометни земји во светот, против која немаме ниту една победа.