Фудбалот денес и во времето на Клосе

Иако изгледа како да беше вчера, сепак од седмицата на Германија која му ја додели на Бразил поминаа неполни 4 години. Вечерва играат пријателска, а во пресрет на средбата куса изјава даде најдобриот меѓу најдобрите, кој им го плесна во фаца на тие што не излегуваат без фризура на натпревар.

Мирослав Клосе беше еден од хероите на Германија на СП 2014-та кој го крена златниот пехар и беше меѓу стрелците во полуфиналето против Бразил на кој му го нанесоа еден од најтешките порази во историјата.
 
Најдобриот стрелец во историјата на Германија и Светските првенства со една реченица направи споредба на место меѓу две различни времиња во фудбалот. Она кога се играше со љубов и страст и сега ова кога ги товат со ненормални милионски договори на кои бараат уште толку.

„Фудбалот со кој јас растев не постои повеќе. Денес играчите повеќе се грижат за колите, патиките и нивните имиња да бидат запишани на нив. За мене единствената работа на која мислев беше фудбалот и ништо друго“.
39 годишниот расен стрелец на Германија со рекордни 71 гол е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, а неговиот наследник кој го носи дресот со број 11 стартуваше одлично за националниот тим.

22 годишниот Тимо Вернер за 791 минута одиграни за Германија има постигнато 7 голови или во просек погодува на секои 113 минути. Оваа сезона за Лајпциг има 18 голови на 37 средби со што е лидер меѓу Германците во Бундеслигата. Неговата вредност се проценува на 80 милиони евра.
 
Во контекст на пријателската меѓу Германија и Бразил која е закажана за 20:45, ве потсетуваме на нивното полуфинално соочување на Мундијалот.

27 март 2018 - 15:35