Студен туш за Германија и Бразил, Мексико во транс

Светскиот шампион Германија изгуби 0:1 од Мексико а Швајцарците го задржаа Бразил на 1:1 и освоија драгоцен бод.

На стадионот „Лужники“ на кој се отвори Мундијалот, Германците имаа неславно деби на Светското 2019. Поразите во пријателските средби пред Мундијалот како да најавија дека нешто не штима во составот.

Мексиканците во 35’ минута конечно имаа успешна контра од многуте обиди. Кедира ја загуби топката на 30-ина метри од голот на противникот а тогаш следуваше експресна контра. Гвардадо и Чичарито одиграа двојно додавање а топката дојде до 22-годишниот фудбалер на ПСВ Ајндховен Лозано кој го издрибла Озил и постигна прекрасен гол.

До крајот Германија пробуваше да израмни но неуспешно. Во групата Ф утре играат уште и Шведска - Јужна Кореја. Мексико има три бода а Германија нула. Во следното коло „Панцирите“ играат против Шведска а Мексиканците ќе бараат пласман во следната фаза против Корејците.

***

Неславно деби имаше и најголемиот фаворит за златото - Бразил.

Иако „кариоките“ тргнаа офанзивно, Швајцарија покажа дека може да им парира а во првите неколку минути и имаа одлична шанса преку Блерим Џемаили.

Бразил дојде до водство во 20’ минута по ефектниот удар на Кутињо кој маестрално пласираше од дваесетина метри и го отвори резултатот:

До крајот од првиот дел Бразилците имаа неколку шанси но на паузата заминаа со гол предност. Само што почна вториот дел, во 50’ минута по еден корнер Зубер направи фаул над Миранда, го оттурна со рацете и со глава израмни на 1-1 а судијата не се реши за ВАР:

Во 73’ минута судијата одново беше во главна улога затоа што не се реши да досуди пенал по стартот на швајцарскиот стопер над Габриел Жесус:

До крајот Нејмар, Фирмино и Вилијам пробаа да ги освојат сите три бода, но Швајцарија успешно се одбрани. Во оваа група Србија е прва со 3 бода, Швајцарија и Бразил имаат по 1, а Костарика има 0. Во следното коло играат Костарика - Бразил и Швајцарија - Србија.