Мексиканската влада пријави земјотрес по голот против Светскиот првак

Ете до таму отиде радоста на Мексиканците кои ја урнаа Германија и драстично се доближија до осминафиналето на Мундијалот во Русија. Од многу скокање се вклучил алармот од кој секој човек го фаќа страв.

Светското првенство испрати четири фудбалски денови кои веќе донесоа многу емоции со оглед на резултатите кои ги видовме до сега. Исланд ја сопре Аргентина, Швајцарија истото му го направи на Бразил, а Мексико го шокираше бранителот на титулата.
 
Германија не може да излезе од шок, а Мексико пак од оној неверојатен делириум откако славеа со голот на Лозано. Мексиканците до толку многу скокале синоќа, што владата добила информации од сеизмолошкиот институт и пријавила дека имало земјотрес.
 
На интернет има снимки како луѓе се пентарат на бандари и семафори, небаре освоиле Светско. Сега им треба уште една победа против Шведска или Јужна Кореја за пласман во нокаут фаза каде би вкрстиле со Група Е (Србија, Бразил, Швајцарија или Коста Рика).
Радоста во Мексико Сити и Москва

Како се славеше голот на повеќе места

Мексиканци имаше и меѓу 70.000-те луѓе кои го следеа мечот на отворено во Берлин

Може па ова им донело среќа

18 јуни 2018 - 11:40