Пораз во прво коло на Светско првенство може да не значи ништо, ама ако се анализира статистиката во поново време, тоа значи кобен крај за шампионот.
Вака стојат работите на Мундијалите од СП 2002 до сега:
- 89% од земјте кои се квалификувале во ТОП 16, победиле или одиграле нерешено во прво коло.
- 64% од земјите кои се квалификувале во ТОП 16 победиле во прво коло.
- Од тие останати 36% значи дека 23 селекции загубиле или одиграле нерешено во прво коло. 69% од тие 23 земји ремизирале и само 31% загубиле.
- Бразил и Германија се во тие 36%, а не во тие 64%.
- Германија е во незавидна положба и има задача да го расипе тој висок процент од 89%.
Да бидеме поконкретни:
СП 1998
Франција шампион
СП 2002
Елиминирани во групна фаза (Прво коло пораз од Сенегал. Второ коло нерешено со Уругвај. Трето коло пораз од Данска. Не постигнаа ниту еден гол)
СП 2006
Италија шампиони
СП 2010
Елиминирани во групна фаза (Прво коло нерешено со Парагвај. Второ коло нерешено со Нов Зеланд. Трето коло пораз од Словачка)
СП 2010
Шпанија шампион
СП 2014
Елиминирани во групна фаза (Прво коло пораз од Холандија 5:1. Второ коло пораз од Чиле. Трето коло победа со Австралија)
СП 2014
Германија шампиони
СП 2018
Прво коло пораз од Мексико
Второ коло?
Што ви кажува ова, дека на последните четири Мундијали бранителите на титулата не победиле во прво коло дури на три и биле елиминирани во групна фаза.
Исклучок е Бразил кој како Светски првак во 2002-ра, четири години подоцна ја мина групната фаза со 3 од 3 против Хрватска, Австралија и Јапонија. Во осминафинале ја мина Гана, но во четврт загуби од Франција.