Родениот Тунижанец добива по 1.168 евра социјално секој месец, и најверојатно тоа ќе продолжи и понатаму да му следува бидејќи германските власти не можат да депортираат во Тунис „заради страв дека таму ќе биде измачуван.“
Сами А. отфрла дека имал какви било врски со џихадистите на бин Ладен или кои било други.
Наспроти ова е тврдењето на сведок во едно германско судење против тероризам од 2005, според кое Сами А. неколку месеци служи како телохранител на Бин Ладен во Авганистан. Германските власти ги истражуваат неговите наводни врски со ал Каеда, ама тој не обвинет за ништо.
Сами А живее во Бохум со својата сопруга и четирите деца, а уште во 1999 добива привремена дозвола за престој во Германија. Во 2007 властите го одбиваат неговото барање за азил, бидејќи е заведен како безбедносен ризик. Сами секој ден мора да се пријавува во полициска станица.
Според германската влада осомничените џихадисти во Тунис се соочуваат со опасност од тортура, и затоа Тунис и неговите арапски соседи не се на списокот безбедни држави на потекло за депортирање на мигрантите.