„Мексиканци извинете ама ние ќе мораме да го кренеме ѕидот“ се дел од смешните наслови во германските медиуми кои по тешкиот пораз од Мексико алудираат на агендата на американскиот претседател Трамп. А најзаслужен за триумфот на Мексиканците е еден млад фудбалер.
Главна ѕвезда на Мексико не е Чичарито како што беше планирано. Победничкиот гол против Германија го даде шпицот на ПСВ Ајндховен 22-годишниот Ирвинг Лозано. Сезонава Лозано постигнал 17 гола на 29 натпревари во холандското првенство (+ 12 асистенции). Него одамна го бара Арсенал а тој сака во Барселона.
Во татковината е попознат како „Чаки“ Лозано. Така го викале и соиграчите. Чаки е морничава кукла-убиец од фимот Child's play (Детска игра), филм од 1988 година чиј режиѕер е Том Холанд.
Репрезентативецот на Мексико како дете често го правел трикот на главниот херој од овој филм - се криел под кревет и ги плашел другарите со хистерични крици.
„Се криеше така вешто и наеднаш неочекувано урлаше како ненормален да те извади од памет“, се сеќава постариот брат Хозе.
Чаки денес исто така урла кога дава голови, особено победнички. А неговите емоции ги покажува преку гримаси кои личат на куклата која што во филмот ја толкува Бред Дуриф (познат по улога во култниот One Flew Over the Cuckoo's Nest).
Ирвинг Лозано го крстиле по режисерот на една од епизодите на „Војна на ѕвездите“ Ирвин Кершнер. Лозано е роден во Мексико иако неговите емигрирале од Гватемала.
„Мајка ми била бремена со мене. Во татковината (Гватемала) имало сериозна политичка криза и татко ми сметал дека не било сигурно да го остава семејството дома. Мојата фамилија се преселила во фудбалска земја и јас не можев да изберам друг пат освен да станам професионален фудбалер“, раскажува центарфорот на холандскиот шампион ПСВ Ајндховен.
Лозано го викаат и „среќлијата“ затоа што тој давал голови на првите мечеви за секој нов клуб и за репрезентацијата.
1. Во мексиканска Пачука му требале само пет минути да им избега на бековите и да постигне победнички гол во дербито против „Америка“ во првенството на Мексико:
„Тоа беше неверојатен ден - после некое време ми се роди дете. Постигнав гол на легендарниот стадион „Ацтека“ каде Светско играа Пеле и Марадона. Плачев од среќа! Цела кариера ќе го паметам тој момент. Рано излегов од дома - на 10 години. Тоа беа тешки времиња за мене и за семејството. Секогаш се поддржувавме еден со друг“, се сеќава Лозано.
2. Во ПСВ Ајндховен којшто му платил на Пачука 8 милиони евра за Лозано, Мексиканецот имал слично деби. Против АЗ Алкмар добил 31 минута да покаже што знае. Тогаш го дал првиот гол на европско тло.
„Чувствував дека ќе дадам гол. Имав емотивен момент зошто ми се роди син ми Родригито и ме викнаа во репрезентација“, раскажува Ирвинг.
3. За репрезентацијата на Мексико прв официјален меч му бил против Канада (3:0). И тогаш дебитирал со гол.
„Игравме добро на Куп на Конфедерации и на пријателски натпревари така што сум сигурен дека и на Светското ќе играме така за Мексико да биде горд на нас“.
Неговите емоции и неможноста да ги сокрие се негов главен недостиг во играта. Во дебитантската сезона во ПСВ добил два црвени картони. И тоа два пати против Херенвен.
Во кариерата дури 8 пати бил исклучуван.
„Често разговарам на само со татко му на Ирвинг и му објаснувам што треба да прави син му за екипата. Но Лозано е млад и неговите емоции се дел од играта. Можно е во првенството на Мексико да не казнуваат за такви стартови но мислам дека веќе од следната сезона ќе биде позрел“, сигурен е главниот тренер на ПСВ, Филип Коку за кого е заинтересиран Фенербахче.
💬 | Discussie in de studio over het 'instinct' van Hirving Lozano:
— FOX Sports (@FOXSportsnl) March 31, 2018
Robert Maaskant: "Dit is wel echt handtasjesgevecht dit."@kennethperez10: "Het lijkt Tai chi wel."
Maaskant: "Hij kan wel een cursusje krijgen van me."#psvnachttps://t.co/106q0rHC34 pic.twitter.com/vPz0TEqrxW
Лозано во неделата го постигна можеби најважниот гол во својата кариера. И Мексико кој не губел прв меч на Светско од 1994 година ја продолжи оваа убава традиција.