Таг: пачука

Мексикански гол на месецот од 80 метри

На дуелот меѓу Пачука и Пуебла во лигата на Мексико, гостите славеа 1-3. Последниот гол на мечот го постигна Салвадор Рејес кој ја запечати победата со гол сличен на маалските од гол на гол после три корни.

Фантазија од лоб во Мексико

Дуелот Пачука - Тигрес УАНЛ во мексиканската МХ лига го реши Роберто де ла Роса во 82' минута. Таков њух за топка и осет за лоб ретко се гледа.

Чаки Лозано - детето со прекар од кукла-убиец е херој на Мексико

Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.

На промоција се појави како од Војна на ѕвездите

Омар Гонзалес (27) синоќа го комплетираше трансферот од Лос Анџелес Галакси во мексиканската Пачука, а на промоцијата се појави облечен како Дарт Вејдер од филмскиот хит Војна на Ѕвездите. Чисто да ја разбие монотонијата на: Уште како мал сонував да го облечам овој дрес.