Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.
Заедничката историјата меѓу Германија и Русија е обострана привлечност и одбивност, страв и прифаќање, конфликти и хармонија, и ова денес само ги комплицира работите, пишува Даниел Тост во текстот за Ханделсбалт глобал.
Во дополнително напнување во односните меѓу сојузниците што треба да му се спротивстават на Путин, германските политичари и бизнисмени го обвинија САД дека ги користат санкциите против Русија за засилување на сопствените интереси во Европа - континентот да купи што е можно повеќе гас и нафта од САД.
Како што бројот на католици и протестанти во Германија продолжува да се намалува, според Евангелистичката црква на Германија земјата 2016 ја завршила со стотици илјади христијани помалку, пишува Ди Цајт.
На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.
Од октомври годинава Фејсбук, Твитер, Гугл и други социјални медиуми можат да бидат казнети од Германија со глоба и до 50 милиони евра доколку на нив некој објави нешто навредливо, расистичко или слично.
Договорено е дека германскиот канцелар Хелмут Кол ќе биде испратен во ковчег покриен со знамето на ЕУ на голема европска комеморација која ќе почне во Стразбур, и на која говори ќе држат Меркел, Макрон и Јункер. За малку ништо од ова немаше да се случи, и наместо овие говор ќе држеше Орбан.
Додека се спремаат за традиционалното насилство за време на самитот на Г20, германските власти паралелно направија список на телохранители на Ердоган кои во тоа време нема да смеат да припарат во Хамбург во каква било функција.
За време на официјалната посета на Полска пред десет години дознав дека Берлинскиот ѕид ќе падне. Вечерта на 9-ти ноември, премиерот Тадеуш Мазовецки ја покани мојата делегација на банкет во поранешната палата на принцот Радзивиљ. Пред да пристигнеме на вечера, од Бон се јави генералниот секретар Рудолф Ситерс. Ми кажа дека претседателот на комунистите во Источен Берлин ненадејна објавил привремена дозвола за патување на граѓаните.
1991-ва, Хелмут Кол како премиер на Германија само што завршува со состанокот во градското собрание во градот Хале. На излегување е пресретнат од група демонстранти кои фрлаат јајца кон него. На ред е Кол.
Четвртина од оваа сума во 2016 се потрошени на баратели на азил чии документи се уште се обработуваат, а над една половина за борба со причините за присилна имиграција. Од 2015 во Германија влегуваат еден милион мигранти.
Она што ја разликува градинката Робин Худ од голем дел од другите градинки во Берлин е што таа е една од "шумските градинки", во која на децата со наставна програма им е пропишано секој ден да минуваат по неколку часа во шума. И ова важи за секој ден без разлика дали врнело или е сончево или е затрупано во снег.
Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.
Германската полиција синоќа уапсила Русин со германски пасош поради основано сомневање дека на 13. април го организирал бомбашкиот напад. Причина? Сакал да профитира на берзата од падот на акциите во Дортмунд а го осуетила банка.
Авторот не може да им се дочуди на своите, т.е. Турците во Германија кои масовно гласаа за опцијата на Ердоган. Феноменот инаку им е познат на балканските народи, кога нивната дијаспора често гласа за рестриктивни политики во родната земја а во земјата во која живеат се жалат на рестриктивни политики кон нив.
Претставник е на модерната школа а уникатен е по тоа што за секој следен натпревар има различен систем на игра. Играчите ги носи да тренираат на нерамни и лизгави ливади за подобра контрола на топка, а за да не влечат за дрес им дава тениски топчиња во раце.
На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.
Дали ги потсеќало на загубеното полуфинале од Италијанците или се работи за случајност, подиумот на којшто со златниот пехар стоеше Светскиот шампион од 2006-та завршил во некој парк во Берлин.
Чаби Алонсо и официјално најави дека по крајот на сезонава ќе се повлече од активното играње фудбал поради што германските и шпанските медиуми побарале тој да дојде на пресот пред мечот со Франкфурт. А таму Баскиецот раскажуваше за најубавиот момент во кариерата и не пропушти да го пецне Карло Анчелоти.
Секако, Баерн ги сака и цени своите лидери. Но повеќе ги сака трофеите така што нема правила дека на некоја ѕвезда ќе му даде повеќе време да ја најде формата. Не си спремен да му помогнеш на клубот да победува? Има такви кои ќе го направат тоа место тебе
Додека земји од обединетиот дел од Европа не можат да се добројат колку пари им фалат во буџетот, Германија годината ја заврши со вишок во буџетот од 23,7 милијарди евра. Само во јули Грција од буџет треба да врати долг од околу 8 милијарди евра.