Сеќавање на култниот Босанец кој правеше циркус во Бундеслига

На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.

На денешен ден пред 15 години, Енерги Котбус дома играше против Борусија Менхенгладбах. Стадионот полн, Котбус води 3:2 и во 85’ минута се случува момент кој ден денес се прераскажува во Германија.

Менхенгладбах тргнува во напад, шутот на Марсел Питечек е изблокиран и топката лета толку високо што Пиплица имал време да размислува што да прави. На крајот:

„Искрено, бев сто посто сигурен дека оди над пречката. Но во тој момент како удри некој ветер кој ја спушти топката вертикално кон голот. Падна на мојата глава, се одби и отиде во гол. Сите можеа да видат дека и самиот без изненаден“, подоцна објаснил Томислав Пиплица додека малта ќеркичка објаснувала како топка го удрила во главата.

Но ѓаволот ја однел шегата и набрзо му се смеела цела Германија. Кога се споменуваат голмански кискови, сите го споменуваат Пиплица.

„И на снимката и на фотографијата добро се гледа дека од тој момент не изгледав добро. Сето тоа поготово што со денови се вртеше по сите тв канали не го примив едноставно. Но бидна и човек мора да живее со тоа бреме“, додава голманот роден во Бугојно (БиХ).

Реномираниот Bild го нашол Пиплица за да направи кратка репортажа за неговата кариера. Во интервјуто поранешниот голман открива од кого добил најголема помош да ја победи кризата после автоголот.

„Во времето кога најмногу патев поради тој автогол, моето куче лабрадорот Балто цело време беше со мене. Забележав дека и тој тешко ја поднесува ситуацијата. Чуствуваше дека имам проблем, тие денови немаше ни прошетка, ни игра, ни борење“, раскажува Томислав.

Бизарниот автогол не бил единствен во неговата голманска кариера. Често примал голови после смешни ситуации.

Во кариерата 11 години бранеше за Енерги Котбус и стекна култен статус. На два пати ја доби наградата најдобар играч на годината, а во 2009-та кога реши да оди во пензија дури 25.000 луѓе дошле да го поздрават на прошталниот меч.

Пред да замине за Германија, Томо бранел во Загреб, Сегеста, Самобор и Истра. Дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина го облекувал 9 пати, иако малку фалело да брани за Хрватска.

Сакал да го чува голот на „Коцкестите“ но тогашниот селектор Чиро Блажевиќ барал прво да се ишиша и тука бил крајот на приказната со Хрватската репрезентација.